Thursday, October 11, 2007

Онјалн Заразни Игри

Од ден на ден се повеќе и повеќе расте популацијата на децата, но и на повозрасните луѓе кои играат онлајн игри. Иако повеќето незнаат ни да читат, но се тек на времето гледајќи од своите постари запомнуваат каде и што треба да се клика. Со тоа компаниите коишти ги креираат тие игри и сајтови зимаат милионски суми. Најпопуларни сајтови за онјалн игри се, мини клип, 2дплеј, вебкинз, клуб пингвин и мнгу други, од која најпопуларна е клуб пингвин со околу 15 милиони корисници.
Во денешно време од кога се раѓаат децата се наклонуваат повеќе кон играњето на видео игри и технологија... како да се се' родиле со маус и тастатура во рацете...

Tuesday, October 9, 2007

Атеист

Шета атеист низ шума. И се восхитува. - Колку убави стебла! Колку бујни реки! Колку прекрасни животно! Додека така шета покрај реката, слуша шушкање во грмушката зад себе. Се врти и здогледува гризли од 3 метри кој е веќе над него и само што не го треснал некоја со шепата. Тој потрчал најбргу што можел по шумската патека.
Поглгледнува преку рамо и гледа гризлито трча уште побргу и се' повеќе му се доближува.
Трча, трча, трча, трча... И повторно погледува преку рамото, гледа гризлито уште поблиско. Се препнува и паѓа! Почнува да станува, но гледа дека гризлито е над него со ширум отворена уста. Во тој миг атеистот зацвикал: „О, Господе мој!“ Времето запира. Мечката останува на место како замрзната, во шумата мртва тишина се облеува. Атеистот го заплиснува силна светлина, небото се отвара и се слуша глас: „ Го негираш моето постоење сите овие години, ги учиш другите дека не постојам, а создавањето на живот `и го припишуваш на вселенска случајност. Сега очекуваш да ти помогнам во оваа неволја? Треба ли да те сметам за верник?

Атеистот погледнал право во светилната.
„ БИ било лицемерно од Тебе одеднаш да ме третираш како христијанин, но би можел од оваа грзли да направиш верник?“ - Добро - рече гласот.
Светлината ја снема.Шумата оживеа. А гризлито ја спушти својата шепа врз атеистот, ги склопи очите, ја наведна главата и рече:
„Господе, благослови ја оваа храна, овој дар што го примам од твоето обилие. Амин.“

Thursday, October 4, 2007

Scherzi a parte: Gattuso

Scherzi a parte, за тие што незнаат, ва е некоја телевизиска емисија која е слична како кај нас што ја емитуваа „Скриена Камера“ , исто е и ова само што главна улога имаат познатите личности. Ги имам гледано повеќе пати, но се одлучив за да ви го поставам оваа , каде што метата е Гатузо... Погледнете:

Wednesday, October 3, 2007

Caihlem Форум

Пред скоро 3 часа, официјално е пуштен во употреба и Caihlem форумот, каде што сите ќе можеме да дискутираме на отворените теми и на темите кои вие ќе ги отварате. Јас ќе се потрудам да обезбедам добри администратори и модератори, кои ќе го надгледуват форумот и ќе го одржуваат, за да не настанат некои проблеми, пошто има многу посерковци(со извинение... хехе) кои „шетаат“ на интернет со цел да ги нервират членовите на било кој форуми. А, такви може да сретнете на многу разни и безобразни форуми.
Да не должам многу, еве ви линк за да се регистрирате на форумот и да се изборете за што повисок ранк на форумот и да го зголемиме бројот на корисници.

www.caihlem.freeforums.org

Повелете, регистрирајте се и уживајте!

Пандев вечерва против кралевите од Мадрид

Вечерва нашиот најдобар играч, Горан Пандев ги пречекува кралевите од Мадрид на Олимпико. Заради повредата на Роки , Пандев во нападот ќе игра со нигерецот Макинва, кој одигра добар натпревар против Реџина. Исто така на овој натпревар од тимот на Лацио нема да може да настапи и Себастијано(играч од средниот ред на Лацио).

Лацио оваа сезона е во слаба форма, кој има само една победа во Серија А , а на првиот натревар од Лигата на Шампионите против грчкиот Олимпијакос одиграа само 1:1.

Сега малце 2-3 збора и за Реал Мадрид.
За Реал Мадрид нема да може да настапи Робињо, а Ван Нистерлрој ќе игра во нападот со Раул. Иако Реал Мадрид во овој дуел влегуваат како фаворити, иако сум фан на Реал Мадрид, имам голема желба Пандев да постигне гол.

Во другите натпревари освен Лацио - Реал Мадрид се среќаваат:
Ливерпул - Олимпик Марсеј
Бешикташ - Порто
Валенсија - Челзи
Розебборг - Шалке
Лацио - Реал Мадрид
Вердер - Олипмијакос
Селтик - Милан
Бенфика - Шахтар

Saturday, September 29, 2007

Сите кладионици под клуч

Управата за јавни приходи, деновиве ги затвори речиси сите спортски обложувалници ширум Македонија. А, причината за затварањето било затоа што немале линценци за работа.
Во Прилеп биле затворени 6 обложувалници од 7, во Велес се затворени сите, во Струмица... Отворени останаа само Лотарија на Македонија. Некои од сопствениците на кладиониците тврдат дека имале поднесено барање за дозвола до министерстовото за финансии, но сеуште немале добиено одговор на нивното барање. Од УЈП пак велат дека објаснувања ќе има во Понеделник (01.10.2007)